За Бадник кај и да си, дома да си – Посна чоко баклава за вечерва

За Бадник кај и да си, дома да си – Посна чоко баклава за вечерва

Денеска е еден од најголемите христијански празници, Бадник.

За вечерашната посна трпеза за Бадник ви предлагаме вкусен рецепт за чоколадна баклава. Еве како да ја направите!

Состојки:

  • 1 пакување посни кори за баклава
  • 100 гр посно чоколадо
  • 100 гр гриз
  • 200 гр ореви
  • 250 гр посен маргарин

Состојки за шербет:

  • 500 гр шеќер
  • 4 дл вода
  • 3 ванилин шеќер
  • сок од половина лимон

Начин на подготовка:

  1. Прво се прави преливот за баклавата со шеќер, ванилин шеќер, вода и сок од лимон.
  2. По неколку минути варење на оган и промешување, се трга од шпорет и се остава да се лади.
  3. Во сад се соединуваат мелени ореви со гриз и изренданото посно чоколадо и добивате фил.
  4. Се редат три кори една врз друга, па ги превиткувате на пола, а на краевите се ставаат три лажички фил.
  5. Се замотуваат и се редат на плех.
  6. Се редат на овој начин сите, а врз нив се става растопениот маргарин и се пече во загреана рерна на 200 степени 20 минути.
  7. Кога ќе биде испечена баклавата, врз неа се става оладениот шербет.

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Турска баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта