- Оваа посна, здрава и „сита“ салата, ќе ја обожаваат сите!
Состојки:
- 500 гр грав
- 5 суви лути пиперки
- 2 чешниња лук
- масло
- оцет
- сол
Начин на подготовка:
- Ставете го гравот ноќ претходно во студена вода за да може брзо да се зготви.
- Сварете го гравот, а во меѓувреме потопете ги сувите пиперки во топла вода, оставете ги околу 15 минути, исцедете ги и ситно исечкајте ги.
- Зготвениот грав пропасирајте го, ставете пиперчиња, изгмечен лук, сол, оцет, масло и добро измешајте.
Добар апетит!
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт