Брза и мека погача со јогурт

Брза и мека погача со јогурт

Одлична погача, брзо се прави, а има фантастичен вкус!

Состојки:

  • 2 јајца
  • 2 дл јогурт
  • 230 гр брашно
  • 130 мл сончогледово масло
  • 1/2 прашок за печиво
  • 1 лажичка сол

Начин на подготовка:

  1. Со миксер разматете едно јајце и една белка, додајте јогурт и 130 мл (2 шолјички) масло.

     

  2. Во оваа смеса додајте 230 гр (13 лажици) меко брашно, прашок за печиво, сол и сè измешајте со миксер на најмала брзина.

     

  3. Намастете и посипете со брашно плех со големина 20х30 см, па ставете ја смесата. Премачкајте со разматена жолчка и печете во загреана рерна на 230 степени околу 15 минути.

 

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

singlepost_text