Ситни посни колачи за празничната трпеза

Ситни посни колачи за празничната трпеза

Направете вкусни, ситни и посни колачи кои ќе ја збогатат вашата трпеза за празниците.

Ова е сè што ви треба:

Состојки:

  • 500 гр брашно
  • 375 гр посен маргарин
  • 250 гр мелени бадеми
  • 50 гр ситни парчиња бадеми
  • 185 гр шеќер
  • 1 дл вода
  • џем од кајсии

Начин на подготовка:

  1. Изматете ги маргаринот и шеќерот, додајте брашно и мелени бадеми, па вода. Направете тесто, па расукајте го малку.
  2. Со модли или чаши вадете кругови.
  3. Ставете малку вода на нив, па парчиња бадем. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.
  4. Изладените кругови премачкајте ги со џем и спојте ги со друга половина одозгора.
  5. Можете, по вкус, убаво да ги поминете од двете страни во чинија со шеќер во прав.

Уживајте во овој вкусен десерт 🙂

Повеќе десерти на Gotvi.mk:

Конечно: Највкусниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*