Ишлерите можете да ги направите во вашата кујна – Имаме одличен рецепт за овој десерт

Ишлерите можете да ги направите во вашата кујна – Имаме одличен рецепт за овој десерт

Љубителите на ишлерите, сега може да ги направат и дома, во кујната.

Ова е рецептот за овој десерт, но во посна варијанта:

Состојки:

  • 180 гр маргарин
  • 100 гр шеќер во прав
  • 100 гр печен мелен лешник
  • 200 гр брашно

Состојки за фил:

  • џем од кајсии

Состојки за глазура:

  • 250 гр шеќер во прав
  • 100 гр посно бело или црно чоколадо
  • 1/2 шолја вода
  • 2 лажици маргарин

Начин на подготовка:

  1. Од состојките за тесто: маргаринот, шеќерот во прав, лешникот и брашното замесете тесто и оставете го половина час во фрижидер да се стегне.
  2. Развлечете го тестото на работната маса, со модли извадете кругови и испечете ги околу 30 минути на 180 степени.
  3. Ставете џем измеѓу две колачиња.
  4. За глазурата сварете шеќер со вода, а откако ќе стане смесата густа како за слатко, додадете ги ренданото чоколадо и маргарин от.
  5. Ставете ја смесата одозгора, врз колачите.

Уживајте во вкусот на овој посен и вкусен десерт 🙂

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*