Бомбици со смокви за Бадник

Бомбици со смокви за Бадник

Направете вкусни бомбици за празничната трпеза со смокви.

Ова е рецептот за вкусниот десерт:

Состојки:

  • 400 гр суви смокви
  • 250 гр шеќер
  • 100 гр мелени ореви
  • изрендана кора и сок од 1 лимон
  • 50 гр мелени ореви во посебна чинија
  • 30 гр шеќер во посебна чинија

Начин на подготовка:

  1. Смоквите се мелат, па се ставаат во сад со шеќерот, мелените ореви и кората и сокот од лимон.
  2. Сè соединете со лажица, па направете топчиња со рацете.
  3. Убаво поминете ги од сите страни во чинија со шеќер, па во чинија со мелени ореви.

Уживајте во празниците 🙂

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*