Пилешки ролни во спанаќ – Деликатесна тава за ручек

Пилешки ролни во спанаќ – Деликатесна тава за ручек

Направете вкусно пилешко месо со спанаќ и компир, совршено за цело семејство. Ќе го обожаваат и децата.

Ова е рецептот:

Состојки:

  • 4 парчиња пилешко филе (тенки)
  • 200 гр спанаќ
  • 1 чешне лук
  • магдонос
  • 200 мл супа (коцка)
  • 200 гр павлака
  • 50 гр рендан кашкавал
  • 800 гр компир
  • 150 мл слатка павлака

Начин на подготовка:

  1. Се мие спанаќот, се става врз парчињата пилешко, убаво се замотуваат ролнички и се редат на намастен плех за печење.
  2. Се чисти и ситно се сече лукот, па се става помеѓу месото, се става сол и бибер и се пече во загреана рерна на 175 степени околу 10 минути.
  3. Се матат заедно супата и киселата павлака, се ставаат сол и магдонос, а врз пилешкото се става кашкавалот па се пече дополнителни 10 минути.
  4. Се лупат компирите, се сечат на коцки и се варат.  Се цедат и се мешаат во сад со слатката павлака и супата.
  5. Додајте ги и зачините во тавата оставете уште неколку минути додека да се потпече.

На здравје!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Руски гулаш со најкремаст сос

Сочно месо во сос

Црвен сос во шампињони

Сочни шницли во сос од кромид

Тартар сос

Кременадли во ајвар сос

Пикантно пилешко во лут сос

Батаци во сос