Годината почнете ја со деликатес од 2 состојки: Компири во наметка од сланина

Годината почнете ја со деликатес од 2 состојки: Компири во наметка од сланина

Откако ќе изедете сè што подготвивте за празниците, ви предлагаме да подготвите вкусен ручек за старт на годината.

Рецепт за компири со сланина, а ова е налинот на подготовка:

Состојки:

  • 1 кг компири
  • 300 гр Пекабеско сланина
  • бибер
  • сол
  • ким

Начин на подготовка:

  1. Компирите убаво се мијат, се лупат и се варат во солена вода.
  2. Откако ќе се сварат, се вадат од водата и на секој компир му се ставаат сол и ким и потоа се витка во парче сланина, се прицврстува со чепкалка и се пече во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.
  3. Можете да го сервирате со павлака.

Доколку сакате, можете компирот да го исечете на парчиња, но не целосно. Помеѓу ставете ги парчињата сланина као на фотографијата, а може да додадете и малку кашкавал.

На здравје!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Трик за совршено печен компир

Плескавици од компир

Компир пита со праз

Повеќе од компир деликатес

Рецепт за најкремастото пире од компири

Кнедли од компири

Компир плочки со богат фил

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*