Торта со мак и ореви за празниците (Посен рецепт)

Торта со мак и ореви за празниците (Посен рецепт)

Направете вкусна торта со мак. Навистина е прекрасна, а подготовката е лесна.

Ова е рецептот:

Состојки:

  • 3 шолји брашно
  • 200 гр мак
  • 2 шолји шеќер
  • 1 шолја масло
  • 2 шолји кисела вода
  • 1 прашок за пециво

Состојки за фил:

  • 1 посен пудинг од чоколадо или какао
  • 2 шолји вода
  • 400 гр шеќер
  • 200 гр посно чоколадо
  • 300 гр мелени ореви
  • 1/2 посен маргарин
  • 3 кесички ванилин шеќер

Начин на подготовка:

  1. Две шолји шеќер се ставаат во сад, се додаваат 2 шолји кисела вода, 1 шолја масло, и се мати со миксер.
  2. Се додаваат 3 шолји брашно и 1 прашок за пециво, па се соединува смесата. На крајот се става и макот.
  3. Добиената смеса се дели на два еднакви дела.
  4. Се пече во два плеха, во загреана рерна на 200 степени.
  5. Ставете ја испечената кора на хартија полека, за да не се скрши при вадењето од плехот.
  6. Филот се спрема со шолја вода и 400 грама шеќер кои се ставаат на оган да се стопат, па во друг сад се ставаат 1 кесе пудинг од чоколадо, 1 шолја вода, па се соединува со претходната смеса.
  7. Се додава посното чоколадо и оревите, па маргаринот и ванилин шеќер.
  8. Се филуваат корите, кора-фил се додека има материјал.

Уживајте во вкусот на овој рецепт 🙂

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*