Паричката ќе донесе здравје, среќа и бериќет: Рецепт за бадникова погача

Паричката ќе донесе здравје, среќа и бериќет: Рецепт за бадникова погача

Направете вкусна погача за големиот Христијански празник Бадник, кој се поминува во кругот на семејството.

Се дели леб, се посакуваат желби, а паричката е симбол на среќна и бериќетна година за оној кој ќе ја добие.

Рецептот за подготовка на бадниковото лепче со паричка:

Состојки:

  • 500 гр брашно
  • 25 гр квасец
  • 50 гр масло за јадење
  • 250 мл топла вода
  • сол
  • шеќер

Начин на подготовка:

  1. Квасецот го ставаме во сад со топла вода, ставаме сол и шеќер во садот, па лажица брашно, и се остава вака за да нарасне.
  2. Во голем сад ставете ги брашното, маслото и нараснатиот квасец, па додавајте ја водата и замесете тесто
  3. Откако убаво ќе го замесите тестово, се остава да нарасне околу 45 минути.
  4. Поделете 4 топки од него, расукајте ги на работната површина, па ставете едно во тава, премачкано со масло.
  5. Од второто расукано топче направете форма како триаголник, така и од третото и четвртото и ставете ги одозгора премачкани со масло.
  6. Не заборавајте да ставите паричка завиткана во фолија.
  7. Печете околу 40 минути во загреана рерна на 200 степени.

Имајте среќни празници!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Деликатес од стар леб

Божиќен леб

Леб кој не дебелее

Банана леб со ореви

Леб кој не дебелее

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*