Појадок за убав старт на денот: Проја со додаток кој ја прави магична

Појадок за убав старт на денот: Проја со додаток кој ја прави магична

Направете вкусна проја со спанаќ од која сите ќе сакаат парче повеќе.

Ова е рецептот:

Состојки:

  • 2 јајца
  • 80 мл масло
  • 50 мл јогурт
  • 1 шолја млеко
  • 1 шолја палента
  • 1 шолја пченично брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 1 лажичка сол
  • 250 гр сирење
  • 90 гр спанаќ

Начин на подготовка:

  1. Се матат јајцата, се става солта, сирењето кое ситно се рони, па се додаваат маслото, јогуртот, млекото, палентата, пченичното брашно и прашокот за пециво во еден сад.
  2. Спанаќот се мие, му се сечат дршките, па со раце се кине на покрупни парченца.
  3. Се додава во смесата и убаво се меша, а во меѓувреме рерната се загрева на 220 степени.
  4. Се става хартија за печење на плех, па се става смесата. Се пече околу 30 минути додека не порумени.
  5. Добар апетит.

 

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

Кралски појадок со кој ќе слабеете

Појадок или вечера за медал

Почнете го денот со витаминска бомба

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*