Сте пробале многу рецепти, но не и овој: Сладок леб кој е популарен низ светот

Сте пробале многу рецепти, но не и овој: Сладок леб кој е популарен низ светот

Направете посебен рецепт за леб со јапонски јаболка и ореви, ново доживување за сетилата кое е навистина вкусно и одлично.

Еве како:

Состојки:

  • 200 гр брашно
  • 2 јајца
  • 250 гр блендирана смеса од јапонски јаболка
  • 100 гр урми
  • 50 гр ореви
  • 1/2 лажичка прашок за пециво
  • 1 лажичка цимет
  • 1/2 лажичка мускатно оревче

Начин на подготовка:

  1. Урмите се варат и се сечат, па се мешаат со брашното, прашокот за пециво, мускатното оревче, циметот и оревите.
  2. Во друг сад соединете јајца со масло и блендираната јапонска јаболка.
  3. Соединете ги смесите и печете во калап за леб во рерна загреана на 200 степени.
  4. Кога лебот ќе добие златна боја, избодете го со чепкалки, а ако е чепкалката сува, лебот е печен и готов за послужување.
  5. Се сервира како деликатес или со друго јадење по ваш вкус. Има сладок вкус.

На здравје!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта