Несекојдневна кинеска салата

Несекојдневна кинеска салата

Ако ви здосадија салатите кои ги подготвувате постојано, пробајте го овој рецепт за кинеска салата.

Состојки:

  • 1 шолја ориз
  • 3 шолји вода
  • 1 лажица кари
  • 1 лажица сол
  • 4 кисели краставички
  • 4 варени јајца
  • 250 гр пилешко филе
  • 100 гр мајонез
  • 180 гр кисела павлака
  • 1 лажица сусам

Начин на подготовка:

  1. Оризот згответе го во три шолји вода со лажица сол и лажица кари зачин, па изладете го.
  2. Исечкајте ги киселите краставички на коцки. Варените јајца исечкајте ги на коцки, пилешкото филе на ленти. Измешајте павлака и мајонез.
  3. Во тава без маснотија ставете лажица сусам и мешајте со лажица додека не добие фина браун боја, па изладете.
  4. Соединете ги сите подготвени состојки со смесата од мајонез и павлака и на крај додајте сусам. Измешајте, изладете и послужете.

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*