Чоколадни круни без печење – Десерт на кој нема да одолеете

Чоколадни круни без печење – Десерт на кој нема да одолеете

Многу е вкусен, брзо и лесно се прави, а најважно од се сите ќе ви бараат рецепт за овој десерт.

Направете чоколадни круни, ова е постапката:

Состојки:

  • 200 гр тркалезни кекси
  • 4 јајца
  • 200 мл млеко
  • 15 гр желатин
  • 500 гр чоколадо
  • 3 дл слатка павлака

Состојки за глазура:

  • 200 гр чоколадо
  • 100 мл масло

Начин на подготовка:

  1. Направете фил од јајцата, млекото и желатинот на пареа. Додајте ги растопеното чоколадо и слатката павлака, со постојано мешање, додека се не се растопи и соедини.
  2. Ставете ја смесата во силиконски модли, па оладете.
  3. Оладениот фил ставете го на кексот.
  4. За глазура растопете чоколадо со масло и посипете.
  5. По желба може одозгора да декорирате со шлаг и мрвици во боја.

Уживајте во овој вкусен десерт 🙂

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

singlepost_text