Вкусна целер чорба: Идеална за зимските денови!

Вкусна целер чорба: Идеална за зимските денови!

Уживајте во топла чорба полна со витамини…

Состојки:

  • 1 главица целер
  • 50 гр путер
  • 1 л зготвена супа
  • 1 лажица густин
  • 1 дл млеко
  • 2-3 лажици сечкан лист целер
  • сол
  • бибер
  • мешавина од зачини

Начин на подготовка:

  1. Целерот исчистете го и исечете го на коцки. Во тенџере растопете путер, потоа додајте исечкан целер и пржете го додека не омекне.
  2. Прелијте со супа од зеленчук и продолжете со готвење на умерен оган, така што целерот ќе биде целосно мек.
  3. Пред крајот на готвењето додајте мешавина од густин и млеко, зачини по вкус и продолжете со готвење додека не добиете густина.
  4. Готовата чорба посипете ја со сечкани листови целер.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text