Солена новогодишна елка – Празничен деликатес кој успева и на почетници

Солена новогодишна елка – Празничен деликатес кој успева и на почетници

Направете совршен солен новогодишен деликатес во форма на елка.

Како што цела година се трудевме да имате супер брзи и вкусни рецепти, но и корисни совети, овој пат ви предлагаме рецепт кој совршено се вклопува на празничната трпеза.

Состојки:

  • 200 мл млеко
  • 100 мл вода
  • 50 мл масло
  • 1 јајце
  • 25 гр квасец
  • 1 лажиче шеќер
  • 2 лажички сол
  • 600 гр брашно

Состојки за фил:

  • 200 гр Пекабеско шунка
  • 50 гр кашкавал
  • 2 лажици кечап
  • оригано

Начин на подготовка:

  1. Во сад соединете ги млакото млеко со вода и квасец, па шеќер и сол и оставете десет минути да нарасне тестото.
  2. Додајте потоа и масло, јајце и брашно и постепено замесете тесто. Оставете го околу 30 минути да нарасне.
  3. Тестото развлечете го во круг, на средина ставете кечап во облик на елка, ставете ги шунката и кашкавалот (ситно ичечкани или рендани) и малку оригано.
  4. Се сече тестото по краевите, се преклопува тестото и формира облик на елка.
  5. Оставете го да отстои 15 минути, па печете во загреана рерна на 220 степени околу 20 минути.

Имајте вкусни и среќни празници 🙂

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Новогодишна торта за десетка

Новогодишна магија со храна

Внимавајте кога купувате новогодишни пакетичиња

Меко, топло, вкусно: Полжав пита

Пита на стар начин со тиква

Посна пита со ориз и праз

Домашна пита каква што не сте јаделе

Сочна и крцкава пита со мелено месо

Посна пита со тиква и цимет

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*