Повкусен ручек немате пробано: Пилешки шницли во сос од лимон

Повкусен ручек немате пробано: Пилешки шницли во сос од лимон

Зеленчукот и пилешкото можете да го подготвите и да го сервирате на малку поинаков начин од вообичаниот.

Состојки:

  • 125 гр ориз
  • 1 главица кромид
  • 1 пиперка
  • 200 гр брокули
  • 4 пилешки шницли (од по 150 гр)
  • 1 лажица масло
  • сок од 1 лимон
  • 3 пиперки
  • 1/2 лажица густин или лажица брашно
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Оризот згответе го во солена врела вода 20 минути. Кромидот излупете го и исечете го на парчиња, пиперката на ленти, а брокулите згответе ги во врела супа околу 6 минути. 
  2. Секоја шницла исечкајте ја на парчиња и пржете на масло 2-3 минути. Посолете и побиберете, додајте кромид и пиперка, кратко пропржете сè заедно. 
  3. Брокулите исцедете ги, а течноста тргнете ја на страна. Месото извадете го од тава. Во пржените кромид и пиперка измешајте сок од лимон и 150 мл од супата во која ги варевте брокулите, оставете да се готви 2-3 минути , посолете и побиберете по вкус. 
  4. Згуснете го сосот со разматен густин, вратете го месото и послужете со варен ориз.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text