„Фереро” колачиња од 4 состојки – Бомбици готови за 5 минути

„Фереро” колачиња од 4 состојки – Бомбици готови за 5 минути

Направете вкусни колачиња. Овој пат за празниците ви нудиме супер вкусен рецепт од четири состојки, кој се прави многу поевтино:

Состојки:

  • 400 гр наполитанки
  • 200 гр еурокрем
  • 2 темни чоколади
  • малку мелени кикирики

Начин на подготовка:

  1. Подготовката е повеќе од едноставна. Наполитанките ситно се дробат со рака, а еурокремот и чоколадото ги топиме заедно на пареа.
  2. Наполитанките се додаваат во смесата со еурокрем и чоколадо, по што се ставаат и кикириките.
  3. Се прават топчиња и се оставаат додека да се стегнат во фрижидер.
  4. Може да ги декорирате по желба.

Среќни и вкусни празници од тимот на Gotvi.mk 🙂

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*