Торта со чоколадно млеко: Брз, а вкусен десерт за свечана трпеза

Торта со чоколадно млеко: Брз, а вкусен десерт за свечана трпеза

Доколку се уште не сте одлучиле со што да ги израдувате своите најмили на празничната трпеза, еве идеална прилика да го испробате овој рецепт.

Состојки:

  • 4 јајца
  • 4 лажици брашно
  • 1/2 кесичка прашок за печиво
  • 4 лажици шеќер
  • 50 мл масло
  • 200 мл млеко
  • 2 лажици какао
  • 200 гр шлаг
  • 1 лажица кисела павлака
  • 3 реда чоколадо
  • 100 гр мелени бисквити

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца со шеќер, додајте брашно и прашок за печиво, потоа масло и какао и сè добро измешајте. Ставете во намастен плех и печете на 200 степени околу 15 минути. 
  2. Млекото можете малку да го засладите, додајте искршено чоколадо и оставете да зоврие и чоколадото да се растопи. 
  3. Печениот бисквит прелијте го со изладено чоколадно млеко и оставете да впие. Разматете шлаг, па додајте мелени бисквити. Добро изедначете и премачкајте преку бисквитот. Оставете да се излади час-два, па сечете и послужете. Уживајте!

 

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*