Празниците не се празници без руска салата: Нов рецепт без мајонез

Празниците не се празници без руска салата: Нов рецепт без мајонез

Направете руска салата за претстојните празници. Ви предлагаме рецепт кој се прави без мајонез.

Ова е сè што ви треба, како и начинот на подготовка:

Состојки:

  • 200 гр моркови
  • 200 гр грашок
  • 200 гр кисели краставички
  • 5 варени јајца
  • 100 гр компир
  • 50 гр кашкавал
  • 50 гр шунка
  • 50 гр јогурт
  • сок од 1 лимон
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка.

  1. Се мие и чисти зеленчукот, па се вари во солена вода додека да омекне. Потоа се остава да се олади.
  2. Од јајцата се вадат жолчките, а се сечат белките на коцки.
  3. Зеленчукот се сече ситно, се сечат и киселите краставички, па се ставаат во сад заедно со останатите состојки.
  4. Се става сол, бибер и сок од лимон.
  5. Се додаваат кашкавал и јогурт, па се се меша и се остава да се излади.
  6. По желба може да ги додадете и жолчките исечени на коцки.

На здравје и имајте среќни и весели празници!

Повеќе салати на Gotvi.mk:

Вкусна салата со јајца

Цвекло со еден додаток – највкусна салата или мезе

Шарена салата

Руска салата без мајонез и шунка

Одлична салата од карфиол

Најдобриот рецепт за руска салата

Запечена цезар салата