Пикантно пилешко месо замотано во сланина прелиено со неодолив сос

Пикантно пилешко месо замотано во сланина прелиено со неодолив сос

Ви се допаѓа чадената сланина со лути и слатки вкусови? Тогаш ова е идеален оброк за вас!

Состојки:

  • 1 парче поголемо пилешко бело месо
  • 10-15 тенки парчиња чадена сланина Пекабеско
  • 1 преполна лажица мед
  • 1 преполна лажица сенф
  • сок од 1 лимон
  • чили во прав

Начин на подготовка:

  1. Вклучете ја рерната на 250 степени, а за тоа време исечете го пилешкото на парчиња, така што ќе добиете од прилика 8 парчиња. Месото посолете го, побиберете го и посипете го со малку чили. На плех ставете хартија за печење и секое парче замотајте го во сланина, па наредете.
  2. Во чинија измешајте сок од лимон, сенф, мед, пипер. Сè добро измешајте и со оваа смеса премачкајте го пилешкото од сите страни.
  3. Печете во загреана рерна додека месото не порумени.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*