Бомбици со кокос и чоколадо – Готови за миг, многу вкусна комбинација

Бомбици со кокос и чоколадо – Готови за миг, многу вкусна комбинација

Направете вкусни чоколадни колачи за празниците или за ненадејни гости.

Ова е рецептот кој сите ќе ви го бараат:

Состојки:

  • 1,3 шолји кокос
  • 3 лажички кокосово масло
  • 3 лажички јаворов сируп
  • 2 лажички кокосово млеко
  • 1/2 лажичка екстракт од ванила
  • малку сол
  • 100 гр чоколадо за готвење

Начин на подготовка:

  1. Се меша една шолја кокос со кокосовото масло. Мешајте брзо за да не останат грутки.
  2. Се додава и јаворовиот сируп, кокосово млеко, ванилата и малку сол, па добро се меша.
  3. Се додава и остатокот од кокосот и се замесува смесата како тесто.
  4. Се прават топчиња кои еден час треба да стојат во ладилник.
  5. Истопете го чоколадото со малку масло или маргарин и ставете ги топчињата во стопеното чоколадо, па оставете ги уште десет минути да се стегнат во фрижидер. По вкус можете да ги поминете бомбиците во чинија со кокос.

Уживајте во овој вкусен десерт 🙂

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

singlepost_text