Богат појадок готов за 20 минути: Триаголници со ајвар

Богат појадок готов за 20 минути: Триаголници со ајвар

Утрово направете вкусен појадок, а од неговата подготовка домот ќе замириса прекрасно.

Брзо и лесно, ова е постапката:

Состојки:

  • 400 гр кори за пита
  • 4 лажици ајвар
  • 3 јајца
  • 1 лажица масло
  • 3 лажици минерална вода
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Корите за пита се сечат на два дела во форма на големи правоаголници. Од нив понатаму ќе обликувате триаголници.
  2. Се матат јајцата со ајварот и малку сол, па на секоја кора се става од смесата. Се завиткуваат во форма на триаголници.
  3. Се редат на плех со хартија за печење, па се пропрскува одозгора од втората смеса која ќе ја направите со 1 лажица масло и 3 лажици минерална вода.  Печете околу 15 минути во загреана рерна на 200 степени.

По вкус, за време на печењето, можете да додадете и сусам.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

Кралски појадок со кој ќе слабеете

Појадок или вечера за медал

Почнете го денот со витаминска бомба

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*