Свечени благи палачинки – Вкус кој освојува

Свечени благи палачинки – Вкус кој освојува

Омилениот десерт во свечано издание!

Состојки:

  • 7 белки
  • 1 лажица шеќер
  • 3 жолчки
  • 4 лажици брашно
  • 50 гр путер
  • путер за печење на палачинките
  • кристал шеќер за посипување

Начин на подготовка:

  1. Разматете ги белките со шеќер, додајте жолчки една по една и на крај брашно. 
  2. Растопете го путерот и полека додајте го во масата. 
  3. Пред печење во тава ставете малку путер, ставете тесто за палачинки и печете. 
  4. Кога долната страна ќе биде печена, од горе ставете малку путер и свртете ја палачинката. Кога ќе биде печена од другата страна, од горе посипете со шеќер, поклопете ја палачинката и ставете ја на тацна со топки сладолед и прелив од чоколадо. 
  5. Наместо сладолед можете да ставите и слатка павлака.

 

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта