Не секогаш ви треба месо за да наполните пиперки: Направете ги по овој рецепт

Не секогаш ви треба месо за да наполните пиперки: Направете ги по овој рецепт

Иако многу од нас се навикнати на полнети пиперки со месо, едни од највкусните полнети пиперки се прават со тиквички.

Ова се потребните состојки и подготовката на оваа вкусна тава:

Состојки:

  • 10 бабури
  • 1 тиквичка
  • 2 компири
  • 3 моркови
  • 1 главица кромид
  • 150 гр ориз
  • сол
  • бибер
  • 1 чешне лук
  • 1 лажичка црвен пипер
  • 1 лажица брашно
  • доматен сос

Начин на подготовка:

  1. Се пржи кромидот, па се додава во истото тавче и ренданата тиквичка, заедно со ренданите моркови и компири, како и лукот.
  2. Се динста, па во тавата се додава и оризот.
  3. Се додаваат и солта и биберот, како и брашното и црвениот пипер.
  4. Со вака добиениот фил се полнат измиените и издлабени бабури, се поклопува отворот со парче компир и се варат во сос од домати со малку вода.
  5. По желба можете и кратко да ги потпечење во рерна откако претходно ќе ги ставите во плех за печење.

На здравје!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Полнети пиперки со сирење

Брускети со печени пиперки

Пиперки полнети со зелка

Домашни пиперки во павлака

Полнети пиперки со пилешки гради

Полнети пиперки на босански начин

Полнети пиперки со шампињони