Месото се чува најмногу 3, а сармата 4 дена – Внимателно со храната за празниците

Месото се чува најмногу 3, а сармата 4 дена – Внимателно со храната за празниците

Доаѓаат Нова Година и Божиќ, градот е веќе украсен, еуфоријата почна. За секое семејство најважно е да биде заедно во овие денови, но и да блесне трпезата.

Сепак, најголемата „опасност“ која демне за празниците е рокот на храната, бидејќи понекогаш може да бидеме невнимателни, па да ја консумираме подолг период што може да доведе до проблеми со стомакот, па дури и до труење.

Нова Година и Божиќ се веќе традиционални со вкусни кифлички, сарма, сочно месо, салати и десерти.

Со подолго чување, дури и во фрижидер, храната развива микроорганизми кои придонесуваат за нејзино постепено расипување. Затоа внимавајте на ова:

Сармата се чува во фрижидер и тоа најмногу 3 до 4 дена. Ако се замрзне може да се чува и до 4 месеци.

Месото, особено ако на трпезата имате свинско печење, треба да се изеде најмногу за три дена.

Рибата е неизбежен дел од трпезата за Бадник. Побрзо може да се расипе, па изедете ја најмногу за два дена.

Салатите исто така траат 2-3 дена, не повеќе.

Особено треба да бидете внимателни со овошјето и зеленчукот и добро да ги миете.

Во овој период треба да внимаваат сите од опасноста со труење, а особено трудниците.

Одберете свежи намирници и купувајте на проверени места.

Ако сте направиле повеќе отколку што може да се изеде, не ја чувајте храната додека да се расипе, па да бидете приморани да ја фрлате. Постојат 2 опции: Онаа храна што се змрзнува да ја ставите во фрижидерот со длабоко или, пак, да ја донирате додека е сеуште свежа и подготвена за консумација. Немојте никогаш да фрлате храна!

Имајте убави празници 🙂

Прочитај оовеќе рецепти на Gotvi.mk:

Зема кисела зелка и завитка пилешко месо

Оригинален старски рецепт за сарма

Нов вкус на сармата: Хроно сарма

Риба во сос од сенф

ВИДЕО РЕЦЕПТИ за посни пити, посни салати и риба

Малку време за деликатес: Риба полнета со компир

Поздрава е од што се мислеше – зошто да јадете риба често?

Вкусен риба деликатес од рерна

Како се кисели зелката

Повкусно од сарма и подварок

Зелката не е само за салати и сарма