Компир ала карбонара

Компир ала карбонара

Заштедете на време и подгответе го ова вкусно јадење!

Состојки:

  • 1 кг компири
  • 1 помал кромид
  • 150 гр сланина Пекабеско исечкана на коцки
  • 80 гр тврдо сирење
  • 300 мл павлака за готвење
  • 1 јајце
  • сол
  • бибер
  • сечкан магдонос

Начин на подготовка:

  1. Компирите излупете ги и исечете ги на дебели кругови и ставете во зовриена посолена вода да се готват околу 10 минути.
  2. Измешајте павлака за готвење, јајце и изрендајте сирење. Посолете и побиберете.
  3. Сланината исечкајте ја на коцки и две лажици оставете на страна за посипување пред печење.
  4. На малку путер издинстајте го кромидот, додајте го остатокот од коцките сланина и пржете неколку минути. Вклучете ја рерната на 200 степени.
  5. Варениот компир процедете го, а плехот намачкајте го со малку путер.
  6. Прелијте ги компирите со мешавина од јајца, павлака и сирење, додајте сланина и кромди и сè измешајте.
  7. Преку тоа посипете ја останатата сланина и ситно сечканиот магдонос и запечете околу 40 минути (проверете со нож дали компирот е печен, ако не е, печете уште).

Послужете и уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*