Вкусен колач со интересно име: „Свекрвино око” – Ова е рецептот

Вкусен колач со интересно име: „Свекрвино око” – Ова е рецептот

Направете вкусен колач кој има провокативно и интересно име – „Свекрвино око”.

Ова е рецептот и начинот на подготовката:

Состојки:

  • 100 гр кокос
  • 300 гр мелени бисквити
  • 200 гр суви смокви
  • 100 гр ореви
  • 250 гр путер
  • 50 гр чоколадо за готвење
  • 300 гр шеќер
  • 16 лажици вода

Начин на подготовка:

  1. На смоквите им ги сечеме рачките, ги оставаме во врела вода да омекнат.
  2. Мелените бисквити се ставаат во длабок сад, а на оган ги ставаме во друг сад водата и шеќерот и правиме шербет.
  3. Кога ќе биде готов и згуснат, во шербетот ги додаваме путерот и коцките чоколадо за готвење, па смесата ја сипуваме во садот со бисквитите. Мешаме додека да се стопи и соедини смесата.
  4. Се отвара/сече една смоква и се ставаат две половинки од орев, па ја затвараме, и така правиме со сите смокви.
  5. Правиме тесто од смесата од садот, а на средина на тестото ставаме смоква и формираме бомбица.
  6. Убаво ги поминуваме во сад кокос и ги редиме на чинија. Кога ќе се пресечат на пола, внатре делуваат како да има око од смоквата и оревот, па затоа и го добиле ова име.
  7. Оставете ги во ладилник да отстојат пред да ги сервирате.

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат