10 минути и 7 состојки – Ќе подготвите неодоливи чоколадни бомбици

10 минути и 7 состојки – Ќе подготвите неодоливи чоколадни бомбици

Ви требаат 10 минути и вкупно седум состојки за да подготвите вкусен десерт, кој го сакаат и децата, но и возрасните.

Мали топчиња, идеални и за празничната трпеза. Рецептот прочитајте го во продолжение:

Состојки:

  • 300 гр бисквити
  • 150 мл цеден сок од портокал
  • 1 ванилин шеќер
  • 2 лажици џем од кајсии
  • 2 реда чоколадо за готвење
  • 1 лажица мед
  • малку изрендана кора од портокал

Начин на подготовка:

  1. Добро иситнете ги бисквитите, ставете го врз нив сокот од портокал, па измешајте за да се соедини.
  2. Ставете ги во садот и медот, џемот, ванилиниот шеќер и чоколадото кое претходно ќе го растопите.
  3. На крајот во смесата ставете малку изрендана кора од портокал.
  4. Сè измешајте убаво додека да се соединат состојките, па оставете да отстои половина час во фрижидер.
  5. Обликувајте топчиња и украсете ги по желба.

Уживајте 🙂

Повеќе десерти на Gotvi.mk:

Конечно: Највкусниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед