Лиснати пица залачиња – Појадок за 20 минути

Лиснати пица залачиња – Појадок за 20 минути

Ова утро станете радосни и направете нешто вкусно, кое ќе ве држи сити во текот на денот.

Мини пица залачиња, а ова е рецептот:

Состојки:

  • 500 гр лиснато тесто
  • 150 гр Пекабеско шунка
  • 150 гр кашкавал
  • 1 јајце
  • кечап
  • оригано

Начин на подготовка:

  1. Лиснатото тесто се одмрзнува, се развлекува и сече на квадрати. Во средината се прави круг притискајќи со мала чаша, па се боцка со вилушка.
  2. Секој круг се премачкува со кечап, се става оригано, потоа шунката и кашкавалот најгоре кои ќе ги исечете на коцки.
  3. Квадратите се редат во подмачкан плех и се премачкуваат со изматеното јајце.
  4. Се печат во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

Кралски појадок со кој ќе слабеете

Појадок или вечера за медал

Почнете го денот со витаминска бомба