Мирисен колач со пудинг: Едноставен, мек и неодоливо кремаст

Мирисен колач со пудинг: Едноставен, мек и неодоливо кремаст

Едноставен колач со меко тесто полнето со пудинг – готов за миг!

Состојки:

  • 250-300 мл јогурт
  • 20 гр квасец
  • 1 лажица шеќер
  • малку млеко
  • 2 јајца
  • 20 мл масло
  • 300-400 гр башно
  • кора од лимон
  • 300 мл млеко
  • 1 пудинг

Начин на подготовка:

  1. Квасецот растопете го во малку млеко со лажица шеќер, додајте јогурт, кора од лимон и едно јајце, брашно, масло и сол и замесете глатко тесто. Оставете 30 минути да одмори, свиткајте го во ролат и ставете го во помала тепсија која сте ја обложиле со хартија за печење. Оставете го да нарасне.
  2. Намастете чаша со помал пресек па притиснете го тестото по должина правејќи отвори.
  3. Во млекото згответе пудинг во кој по желба сте додале малку шеќер. Изладете, па ставајте во отворите по лажица пудинг. Оставете уште малку да одмори па печете на 200 степени околу 30 минути.
  4. На половина од печењето прекријте со фолија. Изладениот ролат сечете го и уживајте во преубавиот вкус.

 

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text