Едноставна, брза, превкусна: Француска салата, идеална за празничната трпеза

Едноставна, брза, превкусна: Француска салата, идеална за празничната трпеза

Еве еден предлог за француска салата, која треба да ја правите почесто, бидејќи е многу вкусна, а едноставна за подготовка.

Состојки:

  • 4 изрендани кисели јаболка
  • 4 изрендани моркови
  • 8 варени и изрендани јајца
  • кашкавал или сирење по избор
  • посен мајонез

Начин на подготовка:

  1. Во чинија редете ги состојките – првиот слој треба да биде од јаболка, потоа јајца, па моркови, и на крај сирење.
  2. Секој слој премачкајте го со мајонез, освен последниот. Сирењето треба да ја краси салатата.
  3. Оставете ја салатата да отстои во фрижидер два до три часа.

 

Послужете и уживајте!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text