Чоколадни триаголници со кикирики – Незаборавен десерт за празниците

Чоколадни триаголници со кикирики – Незаборавен десерт за празниците

Направете вкусен десерт кој совршено ќе се вклопи и на празничната трпеза.

Ова е сè што ви треба:

Состојки:

  • 50 мл вода
  • 200 гр шеќер
  • 200 гр млеко во прав
  • 125 гр маргарин
  • 100 гр бело чоколадо
  • 100 гр кикирики
  • 100 гр чоколадо за готвење
  • 3 лажици млеко
  • 1 лажица масло

Начин на подготовка:

  1. Измешајте ги шеќерот и водата и ставете ги на оган, па нека вријат околу три минути.
  2. Додајте го маргаринот, па белото чоколадо додека да се растопи.
  3. Се трга сè од рингла и се остава да се соедини.
  4. Се додава и млекото во прав, па се мати со миксер.
  5. Ставете ги и сечените кикирики и измешајте.
  6. Потоа смесата се става во калап за триаголници и се остава да се стегне во фрижидер.
  7. Колачот се вади од калапот, па се топи чоколадото за готвење со маслото и млекото се става врз колачот.
  8. Оладете и послужете.

Уживајте во вкусот на овој десерт 🙂

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*