Најмекиот домашен леб се прави по овој рецепт!

Најмекиот домашен леб се прави по овој рецепт!

Ова домашно печиво се спрема многу брзо, а долго останува меко и вкусно!

Состојки:

  • 450 гр брашно
  • 150 мл млеко
  • 2 лажици сув квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 1,5 лажичка сол
  • 20 гр путер
  • 200-250 мл вода

Начин на подготовка:

  1. Во поголем пластичен сад измешајте брашно, сол и путер. 
  2. Млекото загрејте го, да биде млако, и ставете шеќер и сув квасец па почекајте квасецот да нарасне. Кога квасецот ќе надојде, додајте ја содржината во брашното, мешајте и полека додавајте вода додека не добиете смеса која не е ниту мека, а ниту премногу тврда. 
  3. Оставете тестото да нарасне, па добро премесете и протресете на побрашнета површина. Премесете на брашно, па развлечете по должина, свиткајте и ставете во калап за печење (димензии 25х13х8 см). Оставете добро да нарасне, околу еден час, па печете на 200 степени додека не добие фина румена боја.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*