Празници се ближат: Рецепт со кој ќе подготвите вкусни кокос бомбици

Празници се ближат: Рецепт со кој ќе подготвите вкусни кокос бомбици

Вкусни ситни колачиња кои ќе бидат вистинско десерт уживање, особено за љубителите на кокос.

Одличен рецеп, а еве што ви е потребно и како да ги подготвите:

Состојки:

  • 10 мл кокосово млеко
  • 350 гр бело чоколадо
  • 30 гр мед
  • 20 гр маргарин
  • 50 гр кокос
  • неколку лешници

За прелив:

  • 3 лажици масло
  • 100 гр бело чоколадо

Начин на подготовка:

  1. Кокосовото млеко се вари со медот, па се прелива врз белото чоколадо и маргарин кое сте го ставиле во посебен сад. Сè добро се меша, па се става и кокосот.
  2. Нека се олади и стегне смесата.
  3. Оставете ја оваа смеса цела вечер во ладилник, па утрото формирајте топчиња.
  4. Во секое топче на средина ставете лешник, па ставете ги повторно во фрижидер додека да се зацврстат.
  5. Во сад на шпорет се растопуваат маслото и белото чоколадо, па се ставаат топчињата во преливот. Може да употребите вилушка за оваа намена

Декорирајте по желба.

Уживајте во овој неодолив кокос вкус 🙂

Повеќе рецепти со десерти на Gotvi.mk:

Деликатесни бомбици

Обланда бомбици – вистински хит

Преубава обланда со кокос

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

Домашни крем банани – вкусот на детството

Бомбици на кои им нема замена

Бомбици со дуња и кокос