Кога ќе го пробате овој појадок ќе ви стане омилен

Кога ќе го пробате овој појадок ќе ви стане омилен

Направете вкусен појадок кој ќе ви стане омилен и ќе го приготвувате почесто.

Еве го рецептот, како и начинот на подготовка:

Состојки:

  • 20 парчиња шунка
  • 100 гр путер
  • 2 дл павлака за готвење
  • 200 гр сирење
  • 2 јајца
  • малку сол
  • 20 гр презла
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Измешајте ги во сад путерот со сирењето и павлаката за готвење. Сето тоа ставете го на оган околу три минути за да се згусне.
  2. Со добиената смеса премачкајте го одозгора секое тенко парче шунка, па замотајте го во ролничка.
  3. Ставете ја во сад со јајце и многу малку сол, па во сад со презла и постапката повторете ја со преостанатите парчиња шунка.
  4. Оставете ги кратко во ладилник, па проверете дали убаво сте ги завиткале за да не ви излезе смесата при пржењето.
  5. Загрејте сад со масло, па ставете ги ролничките да се пржат додека да поруменат.

Одлични се во комбинација со домашен леб и јогурт.

На здравје!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

Кралски појадок со кој ќе слабеете

Појадок или вечера за медал

Почнете го денот со витаминска бомба

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*