Ќофтиња од тиквички и стар леб

Ќофтиња од тиквички и стар леб

Наместо да го фрлите стариот леб кој го имате дома, одете во маркет или на пазар, купете тиквичка и други состојки, па направете деликатес повкусен од месо.

Ова е сè што ви е потребно за вкусното мезе или ручек:

Состојки:

  • 500 гр стар леб
  • 3 тиквички
  • 3 јајца
  • малку млеко
  • 1/2 шолја рендан пармезан
  • 100 гр фета сирење
  • 1 шолја презла

Начин на подготовка:

  1. Лебот се става во млеко, па се остава да впие, а тиквичките се лупат, се рендаат и се цедат од водата која ја пуштаат.
  2. Се цеди лебот, се меша со тиквичките и издробеното фета сирење, а потоа се додаваат две јајца и се обликуваат ќофтиња со рацете.
  3. Ќофтињата убаво се поминуваат во садот во преостанатото јајце, па во презла, а потоа се редат во подмачкана тепсија за печење.
  4. Се печат во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.
  5. Сервирајте ги во посебен сад и додека се уште топли посипете ги одозгора со пармезанот.

На здравје!

Повеќе поврзани рецепти на Gotvi.mk:

Поховани ќофтиња

Најбрзи пилешки ќофтиња

Највкусни домашни плескавици

Плескавици од компир и пилешко

Гурмански плескавици

Посни плескавици

Плескавици од туна и тиквици

Плескавици од зеленчук

Плескавици кои ќе ве воодушеват

singlepost_text