Сигурно нема да изедете само една – Полнети пиперки по деликатесен рецепт

Сигурно нема да изедете само една – Полнети пиперки по деликатесен рецепт

Полнетите пиперки се добра и вкусна идеја за ручек, но овој рецепт е посебен.

Ви го пренесуваме за да имате неодолив ручек на трпеза:

Состојки:

  • 400 гр мелено месо
  • 10 пиперки
  • 3 лажици масло
  • 1 главица црвен кромид
  • 1 јајце
  • 5 лажици ориз
  • 1 лажица брашно
  • 2 лажици доматно пире
  • сол
  • бибер
  • магдонос

Начин на подготовка:

  1. Пиперките се мијат и се чистат, а потоа кромидот ситно се сече и се пропржува на масло.
  2. Оризот се мие и се додава во тавчето со кромид. Потоа се додаваат и солта, месото, магдоносот, јајцето, како и малку бибер. Добро се меша и кратко се пропржува (по вкус) додека да се добие смесата за полнење.
  3. Пиперките се полнат со смесата, но не до врвот.
  4. Се редат во лонец, така што отворот да биде нагоре. Во лонецот се става вода, сосот од домати и се варат еден час.
  5. Се прави запршка со брашното и маслото, па се става врз нив.

На здравје!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Полнети пиперки со сирење

Брускети со печени пиперки

Пиперки полнети со зелка

Домашни пиперки во павлака

Полнети пиперки со пилешки гради

Полнети пиперки на босански начин

Полнети пиперки со шампињони

Маринирани пиперки на селски начин