Готов за 10 минути: Колач без печење за сите љубители на чоколадо

Готов за 10 минути: Колач без печење за сите љубители на чоколадо

Ако сакате нешто слатко, а не сакате цел ден да го поминете во кујна, овој десерт е одлично решение!

Состојки:

  • 1/2 л млеко
  • 1 инстант кесичка пудинг од ванила
  • 3 лажички шеќер
  • ресани
  • бисквити со путер

Состојки за глазура:

  • 100 гр чоколадо
  • 50 гр путер
  • 3 лажички вода
  • 3 лажички шеќер

Начин на подготовка:

  1. Во плиток сад наредете бисквити со путер, така што ќе го прекриете дното. Преку бисквитите прелијте врел пудинг од ванила кој сте го зготвиле преходно со млеко и шеќер (по упатството на кесичката).
  2. Важно е пудингот да биде врел како би ја омекнал подлогата. Ако сакате колачот да биде покремаст, двојно зголемете ја количината млеко, шеќер и пудинг.
  3. Преку пудингот ставете ресани со чоколадниот дел надолу, треба да ја прекриете целата површина од пудинг.
  4. На пареа растопете чоколадо, шеќер и вода додека не добиете густа смеса. Тргнете од оган, измешајте путер и со тоа прелијте преку целиот колач.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

singlepost_text