Направете нешто ново и вкусно. Сос со тиквички кој е идеален за секоја пригода и секое јадење.
Со оглед на тоа дека е посен, супер е и за Божиќниот пост.
Состојки:
- 6 тиквички
- 50 мл масло
- 1 црвен кромид
- сол
- бибер
- презла
Начин на подготовка:
- Се лупат, па сечат тиквичките на дебели кругови.
- Се става масло во тава, се сече кромидот и се остава додека не добие златна боја, па се додаваат тиквичките, малку сол и бибер, како и презлата.
- Се пржи додека сите состојки не омекнат целосно.
- Ќе добиете вкусен сос кој е совршен за шпагети, макарони, месо, во комбинација со ориз…
На здравје!
Повеќе рецепти на Gotvi.mk: