Печен крем од чоколадо: Најслаткиот десерт кој можете да го замислите

Печен крем од чоколадо: Најслаткиот десерт кој можете да го замислите

Пробајте нешто ново – печен крем од чоколадо со богат вкус. Лесен и нежен десерт кој ќе ве освои!

Состојки:

  • 300 мл слатка павлака
  • 100 мл млеко
  • 150 гр темно чоколадо
  • 4 жолчки
  • 50 гр шеќер
  • прстофат сол
  • врела вода
  • павлака за шлаг

Начин на подготовка:

  1. Млекото и слатката павлака ставете ги во сад па гответе додека не се појават првите меурчиња. Тргнете од оган и додајте чоколадо. Мешајте додека чоколадото не се растопи.
  2. Во посебен сад измешајте жолчки, шеќер и прстофат сол. Додека мешате, полека додајте ја мешавината од млеко, слатка павлака и чоколадо. Поделете го добиениот крем во два помали огноотпорни садови.
  3. Садовите ставете ги во поголем сад за печење во кој сте додале врела вода.
  4. Лесно прекријте со фолија па печете околу 30 минути на 160 степени. Изладете и послужете со шлаг.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text