Повкусни од крофни – Мафини со цимет, извадете ги калапите и фатете се за работа

Повкусни од крофни – Мафини со цимет, извадете ги калапите и фатете се за работа

Вкусни мафини кои потсетуваат на крофни со цимет.

Ова е рецептот, како и начинот на подготовка:

Состојки:

  • 1/2 шолја шеќер
  • 1/2 шолја млеко
  • 1/4 шолја растопен путер
  • малку мускатно оревче
  • 1 лажиче прашок за пециво
  • 1 шолја брашно

Состојки за глазура:

  • 1/4 шолја растопен путер
  • 1/2 шолја шеќер во прав
  • 1 лажица цимет

Начин на подготовка:

  1. Се мешаат шеќерот и путерот, а потоа се додава мускатното оревче за арома. Се ставаат во садот и млекото, прашокот за пециво и брашното. Се меша додека да се добие компактна смеса.
  2. Смесата се става во калапи за мафини, а потоа се пече во загреана рерна на 190 степени, околу 20 минути.
  3. Во посебен сад се става растопениот путер, а во друг сад се мешаат циметот и шеќерот.
  4. Печените мафини, откако се вадат од рерна, прво се ставаат во путерот, па во садот со шеќер и цимет.
  5. Оставете ги да се оладат, па сервирајте.

На здравје и уживајте во вкусот на овој десерт 🙂

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Мафини со ореви и цимет

Нутела мафини

Сочни банана мафини

Највкусен рецепт за солени мафини

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

singlepost_text