Посна чорба со кнедли: Го чисти телото од масти, го зајакнува организмот!

Посна чорба со кнедли: Го чисти телото од масти, го зајакнува организмот!

Пробајте ја оваа чорба во деновите кога постите или сакате да се одморите од тешката храна…

Состојки:

  • 1 зелена пиперка
  • 2 моркови
  • 1/2 праз
  • 1 компир
  • карфиол
  • 1 корен магдонос
  • листови магдонос и целер
  • масло
  • бибер
  • зачин

Состојки за кнедли:

  • 2 лажици брашно
  • 2 лажици гриз
  • 1/2 прашок за печиво

Начин на подготовка:

  1. Ситно исечкајте праз па пропржете го на масло. Додајте сечкана пиперка и морков, потоа карфиол и корен магдонос (иситнет) и на крај ситно сечкан компир. 
  2. Налијте вода и гответе додека зеленчукот не се зготви. Во чинија ставете брашно, гриз и прашок за печиво. Додајте малку вода и измешајте во густа каша. Со лажица ставајте кнедли во чорбата. Гответе 5-6 минути да испливаат на површина и да омекнат. 
  3. Додајте зачин, бибер и на самиот крај ситно сечкани листови магдонос.

 

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text