Неодолива компир салата со јогурт и мајонез

Неодолива компир салата со јогурт и мајонез

Вкусна и сочна салата од компири и јогурт…

Состојки:

  • 1 лажичка сол
  • 1 кг компири
  • 130 гр јогурт
  • 130 гр мајонез
  • 2 лажици шеќер
  • 3 главици кромид со средна големина
  • 3 лажици сок од лимон
  • 1 лажичка магдонос

Начин на подготовка:

  1. Згответе ги компирите во лушпа, излупете ги и исечкајте ги на коцки.
  2. Во голема чинија измешајте мајонез, јогурт, сок од лимон, шеќер и сол. Додајте компири и кромид исечкан на кругови. Протресете ја чинијата за состојките да се соединат.
  3. Поклопената чинија ставете ја на ладно место најмалку четири часа пред послужување.

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text