Највкусниот зимски оброк: Вински гулаш каков што не сте пробале (Видео)

Највкусниот зимски оброк: Вински гулаш каков што не сте пробале (Видео)

Во ова зимско време, винскиот гулаш ќе ви биде едно од омилените јадења!

Состојки:

  • 50 мл масло
  • 500 гр говедско исечкано на коцки
  • 1 главица црвен кромид
  • 400 мл доматен сос
  • 500 гр компири
  • 200 мл црно вино
  • 3 парчиња сушен ловор
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Во сад ставете масло и загрејте го. Додајте месо, малку посолете и препржете го од сите страни.
  2. Исчистете и исечкајте црвен кромид. Извадете го месото па на истата маснотија пропржете го кромидот околу 10 минуити. Во кромидот додајте го печеното месо, и динстајте уште десетина минути. Додајте доматен сос, дел од виното и ловор и динстајте наредните 10 минути.
  3. Налијте околу 750 мл вода и гответе околу половина час.
  4. Излупете компир и исечкајте го на парчиња. Додајте го остатокот од виното во гулашот. Кога смесата ќе зоврие, ставете го компирот.
  5. Гответе наредниот половина час, за компирот и месото да омекнат.

Послужете и уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог:

Повеќе на Готви.мк:

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула