Шницли во сос од кисели краставички – Рецепт за вкусен ручек

Шницли во сос од кисели краставички – Рецепт за вкусен ручек

Направете сочно и вкусно месо за целото семејство.

Ова е рецептот за шницли со деликатесен сос од кисели краставички:

Состојки:

  • 600 гр шницли
  • 1 лажица Пекабела павлака
  • 1 лажичка мелен црвен пипер
  • 4-5 кисели краставички
  • 3-4 чешни лук
  • 3 главици црвен кромид
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Шницлите се наросуваат со сол и бибер, па се ситни лукот и се мачка врз нив.
  2. Се поминуваат од двете страни во сад со малку брашно и се пржат на тава со масло.
  3. Кога ќе поруменат од двете страни се вадат и во истото масло се додаваат ситно сечените кромид и краставички и се динста.
  4. Се додаваат и мелената црвена пиперка, сол и бибер. Ставете и малку вода.
  5. Повторно се додаваат шницлите во тавата, па се става уште малку вода додека да ги прекрие.
  6. Се остава да крчка сè во тавата додека месото да омекне, а сосот да се згусне.
  7. На крај се додава и лажица павлака.
  8. Се служи со компир или тестенини.

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Поховани батаци

Батаци во сос

Гурмански батаци

Вкусни месни залаци

Пита со мелено месо и праз

Слатка зелка со мелено месо

Гурманско мелено пилешко со зеленчук

Ролни од мелено месо