Лондонски плочки со џем и ореви – Нов рецепт за кога ќе ви се пријаде благо

Лондонски плочки со џем и ореви – Нов рецепт за кога ќе ви се пријаде благо

Направете вкусен колач кој го носи името „Лондонски штангли”, а е толку лесен и кремав.

Ова е рецептот:

Состојки:

  • 150 гр мелени ореви
  • 150 гр маргарин
  • 400 гр шеќер
  • 7 јајца
  • 150 гр брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 1 шолја џем од кајсии
  • 50 гр ситно сечени ореви

Начин на подготовка:

  1. Се двојат белките од жолчките. Пенасто се матат маргаринот со 150 гр шеќер и жолчките, па се додава и брашното со прашокот за пециво.
  2. Се развлекува тенко тесто и се става на подмачкан плех, па се пече на 200 степени додека да порумени.
  3. Од белките и преостанатиот шеќер се прави цврст снег, па се додаваат и мелените ореви во него.
  4. Тестото се вади од рерна, се премачкува со тенок слој џем, па преку него се става од смесата со шлагот. Се ставаат и сецканите ореви и се става уште десетина минути да се допече на послаба температура.
  5. Готовиот колач се сече на плочки или парчиња по желба.

На здравје десерт!

Повеќе рецепти со десерти на Gotvi.mk:

Деликатесни бомбици

Обланда бомбици – вистински хит

Преубава обланда со кокос

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

Домашни крем банани – вкусот на детството

Бомбици на кои им нема замена

Бомбици со дуња и кокос

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*