Чорба од „кралот на зимата“ – Нема да се разболите, а многу е вкусна

Чорба од „кралот на зимата“ – Нема да се разболите, а многу е вкусна

Вкусно и здраво јадење за зимските денови. За температурите под нула, но и против настинките, ви предлагаме да направите вкусна карфиол чорба, која е здрава и богата со витамини.

Состојки:

  • 250 гр карфиол
  • 1 мала главица кромид
  • 1 лажица маргарин
  • 300 мл супа од коцка
  • 50 мл слатка павлака
  • 1 домат
  • малку магдонос
  • 1 парче тост леб
  • 1/2 лажица рендан кашкавал
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Кромидот се динста на во тавце со маргаринот. Се додаваат сечениот карфиол, па солта и биберот.
  2. Се ставаат супата и слатката павлака. Оставете да поврие околу 20 минути.
  3. Се сечат доматот и магдоносот, а врз тост лебот се става кашкавалот кој треба кратко да го потпечете во рерна. Потоа се сече на ситни коцки.
  4. Се пасира чорбата, се ставаат внатре и магдоносот, лебот и доматот, па се послужува топло.

Инаку, карфиолот е многу здрав и се смета дека е „кралот“ на зимата.

Во својот состав има калиум, фосфор, бакар, манган и магнезиум.

Претставува драгоцен извор на витамин Ц. Во 100 грама карфиол има околу 80 проценти од препорачаната дневна доза на овој витамин.

Содржи и витамин К, како и Б комплекс.

Ако сте загрижени за калориите, ова е супер вест за вас. Во 100 грама карфиол има само 26 калории.

Карфиолот е зеленчук кој помага за работата на срцето, делува како превентива за најтешките болести, а штити и од негативните ефекти на стресот.

Поврзани рецепти на Gotvi.mk:

Посна чорба од кисела зелка варена во расол

Чорба од спанаќ идеална за есента – Ќе оздравите за миг

Црвено бела чорба: Само една чинија го закрепнува и лечи телото!

Оризот може да се подготви и вака: Вкусна крем чорба

Чорба од маринирани печурки – за ладните денови

По старски рецепт: Банатска компир-чорба со варени јајца

Чорба од праз, гриз и печен домат (ВИДЕО)

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*