Сочно месо, неодолива арома: Рецепт за плескавици полнети со сланина и сирење

Сочно месо, неодолива арома: Рецепт за плескавици полнети со сланина и сирење

Направете домашни полнети плескавици со совршен вкус и неодолива арома.

Сочно месо на трпеза, ова е рецептот:

Состојки:

  • 1 кг мелено месо
  • 100 гр Пекабеско сланина
  • 200 гр сирење
  • 1 дл масло
  • 1 кромид
  • малку магдонос
  • вегета

Начин на подготовка:

  1. Меленото месо добро се замесува, па се прават плескавици од него.
  2. За филот се сечат ситно сланината и кромидот и се пропржуваат на масло, па се додава изренданото сирење и зачини и се заедно се пржи на тава.
  3. Се зема една плескавица, се става врз неа лажица од филот, па втора плескавица се става одозгора.
  4. Се спојуваат краевите за да се истече филот.
  5. Плескавиците се пеачт во рерна или на скара, по ваш избор околу 10 минути или додека сметате дека се доволно печени.
  6. Се декорира со магдонос и се сервира топло.
  7. Откако ќе ги извадите од рерна или скара, врз нив можете да ставите и парче кашкавал да се растопи.
  8. СОВЕТ: Совршени се во комбинација со кисели краставички или друг прилог како компири, варен зеленчук и слично.

На здравје!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Плескавици со еден додаток

Плескавици од пилешко и шампињони

Поховани батаци

Батаци во сос

Гурмански батаци

Вкусни месни залаци

Пита со мелено месо и праз

Слатка зелка со мелено месо