Вкусна тава за Божиќниот пост: Ориз со печурки

Вкусна тава за Божиќниот пост: Ориз со печурки

Направете вкусен деликатес додека постите.

Ова е рецептот за ориз со печурки кој ќе ви стане омилено јадење и ќе го приготвувате често:

Состојки.

  • 300 гр ориз
  • 400 гр печурки (свежи или маринирани по вкус)
  • 2 главици кромид
  • 4 маслинки
  • масло
  • сол
  • бибер
  • малку магдонос

Начин на подготовка.

  1. Оризот се чисти, се мие, се цеди и се пропржува на загреано масло на тава, па му се додаваат сол и вода и се динста.
  2. Кромидот се чисти и сече ситно, се пропржува на масло со сол и бибер, па се ставаат и ситно сечените печурки.
  3. Се додава малку од водата во која се динста оризот и се остава на оган додека да омекнат печурките, а водата не изврие.
  4. Во тава ставете го оризот, врз него печурките, па малку печете во загреана рерна на 200 степени.
  5. Се декорира со магдонос и ситно сечени маслинки.

На здравје!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Посна чорба со ориз

Вкусна крем чорба од ориз

Постои еден трик за да не се згусне оризот

Пита со ориз и праз

Направете кремава ориз салата

Салата од ориз и колбас

singlepost_text